вторник, март 06, 2007


Гледам јас колку сум ревносен.. Искрено кажано, од 13 Октомври и мојот втор и последен пост ми се случија едно чудо работи, кои, не дека не ми дозволуваа да седнам и да пишам збор два, туку едноставно ми ја одземаа енергијата и задоволството кое си го предвидував во влезот во блог-светот.
Ми се чини дека е и добро што никој жив освен мене не ја има видено страницава, па затоа ќе се потрудам во иднина да го остварам она што си го ветив на себеси. Да пукам одовде, иако се помалку слушачи има за моите истрели..
Дами и господа, оваа вежба беше неминовниот потсетник за постирање на блог содржини, по можност со слики.
Пријатно до следната прилика.