петок, октомври 13, 2006



Откако малку ојачав со ова алаткиве, време е да го напишам својот прв сериозен пост.

Честа да биде прва тема кај Џиги ја има Влатко Стефановски.
Малку чудно, ама без некоја особена причина, освен таа што пред некој ден му го погледнав сајтот. За мои поимања сајтот е извонредно графички среден, има многу фотки, а Патакот не е скржав ни со гратис мп-тројки.
Доста добро е раскажана и биографијата, како и комплетната дискографија, без патетика и со многу јасни и конкретни информации.
Листата на линкови е многу интересна, а меѓу замерките, имам две така посериозни.
Прво, нормално, апдејтирањето, кое оди од промоција до промоција. Ваков сајт според моето скромно мислење заслужува малку повеќе внимание од носителот, макар и некоја исповед, анегдота, планови и сето тоа да остане во рамките на добриот вкус, да не прејде во патетика.


Втората замерка е дефинитивно за сликите од гитарите. Знаејќи дека тие на Влатко му се буквално како "љубовници", некако смешно и потценувачки ми делуваат фотографиите уз ѕид. Можел вебмастерот да се потруди малку и да ги поткастри и нашминка во фотошоп.
На крај постов ќе излезе демек некаква рецензија, ама можеби и предизвик да, ако некој дојде овде, го каже своео мислење за Влатко деновиве. Помеѓу ривајвлот на Леб и Сол, концертите со Тадиќ и Теодоси и гостувањата во песните на Џибони. Злите јазици велат дека Влатко е креативно истрошен и претворен во гитарист на Џибони, но неговите изведби во исто време претставуваат вистинска класика.

Она што мене ме импресионира кај Влатко е неговата умешност низ свирка да ја интимизира секоја атмосфера во салите каде настапува, макар биле Сава Центри, макар биле клупски сцени. Да бидам искрен, толку ги имам преслушано сите стари песни, новиве никако да ме натераат да им се вратам пак, единствено акустичните бравури со Тадиќ и Спасов се нешто што навистина остава без здив. Влатко никогаш повеќе нема да биде рокер и колку побрзо го сватат тоа неговите верни фанови, толку побрзо ќе му простат што се почесто ги изневерува со џез. Мада, оној негов љут етно џез се претвора во благ акустичен мелем на душата за сите оние на кои зборовите во песните им се навистина излишни.

Еве ја и адресата, па појдете кај Патакот на по едно кафе.

www.vlatkostefanovski.com.mk

Свечено ветувам дека максимално ќе се ангажирам во изработката, ажурирањето и контентот на овој блог. А, да.. и она што е најважно, конечно ќе го запаметам логинот и пасвордот, ветувам.

Ај сега уште да видиме дали научив и слика да клавам..



Значи моело..
Бај д веј, не сум бил овдека.